ЗА НАС

Имајќи го во предвид фактот дека музиката не познава граници, потребата трудот и  уметноста да се претстави на интернационално ниво, желбата  да се воспостават трајни релации и соработки на повисоко глобално ниво, во 2020 год. во Штип за прв пат се организира и реализира Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „СЕРГЕЈ МИХАЈЛОВ“ ШТИП.

Единствен заеднички мотив на сите учесници, натпреварувачи, наставници и ментори на овој меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер е да ја презентираат и афирмираат  уметноста, својата долгогодишна работа и талент, притоа и да воспостават меѓународна соработка со други институции и соработници. Настапите на овој фестивал се организирани на општинско, училишно и државно ниво и истите се следени од членови на меѓународно стручно жири и многубројна публика од родители, наставници и ученици, сите заедно љубители на музиката.

Фактот дека најголемиот дел од веќе постоечките натпревари и фестивали, како на државно така и на меѓународно ниво се од областа на класичната музика ја наметна идејата за организирање на еден ваков меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер, но, за сите видови на инструменти, музички групи и разновидни дисциплини од повеќе гранки на музиката како што се:

  • КЛАСИЧНА МУЗИКА (сите инструменти)
  • ПОП И ЏЕЗ (сите инструменти, вокали, вокални групи)
  • ТРАДИЦИСКИ ИНСТРУМЕНТИ И АНСАМБЛИ
  • ТЕОРЕТСКИ ПРЕДМЕТИ

За прв пат како организатори на овој Меѓународен фестивал со натпеварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ Штип ја инкорпориравме дисциплината ПОП и ЏЕЗ и ТРАДИЦИСКИ ИНСТРУМЕНТИ И СОСТАВИ, со можност изведувачите на поп, џез, светската музика, како и народната и традиционалната музика да настапат, да се натпреваруваат и презентираат пред  голем број на други изведувачи и уметници и на меѓународно ниво.

Фестивалот прерасна во традиционален, се одржува секоја година во месец мај во Штип, на неколку локации и постоечки сали, како и во истоименото училиште ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип и истиот е во организација на Здружението за култура, уметност и наука УМЕТНОСТ ЗА СИТЕ Штип, во директна соработка со ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип.

Првиот меѓународен фестивал се одржа во 2020год, во периодот од 16 до 20 НОЕМВРИ, во исклучително тешки услови, во период на пандемија од Ковид – 19 но, и покрај тоа истиот беше посетен од 275 учесници и 35 домашни и меѓународни членови на жири комисија. Целиот фестивал поради здраствените мерки заврши со ОНЛАЈН концерт на учесниците кои се здобија со специјални награди. Истиот  фестивал беше поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Вториот фестивал се одржа во 2021год. во периодот од 10 до 14 мај и на истиот, бројот на учесници и заинтересирани, како и бројот на посетители беше двојно поголем (500 учесници од  од 9 земји) од првиот фестивал во 2020год. Фестивалот заврши на 14 мај со ГАЛА КОНЦЕРТ во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип на кој организацискиот одбор одбираше ГРАНД ПРИ на фестивалот во секоја дисциплина.

Единствена цел и визија на овој Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ Штип е промоција на млади музичари и таленти како од нашата земја така и од странство, промоција и соработка со членови на жири комисија од целиот свет, соработка со музички установи и  асоцијации на светски музички фестивали. Учесниците и натпреварувачите на овој фестивал со меѓународен и натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ Штип индиректно ќе можат да се запознаат со начинот на работа на голем број на ментори, професори и наставници од целиот свет, како и со нивната култура и образование.

Со нашето мото  „НОВ ПОГЛЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ е ИДНИНАТА НА НАТПРЕВАРИТЕ“ се надеваме дека овој Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ Штип ќе постои и секоја година уште поуспешно ќе се реализира и ќе зближува голем број на уметници, ученици, наставници и ментори од целиот свет.

Од организаторите

на Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер

„Сергеј Михајлов“ Штип